Здружението за рурален развој „ЈАВОР“ – Зрновци е невладина, непартиска, непрофитна организација формирана далечната 1997 год. како еколошко друштво Јавор. Во 2010 год при последната законска пререгистрација на невладините организации во Р.Македонија, го менува само предзнакот како Здружение за рурален развој бидејќи во текот на своето постоење одсекогаш обработувало теми и спроведувало проекти кои го опфаќаат руралниот развој на регионот на општина Зрновци, но и пошироко на национално и интернационално ниво.
Преку овие проекти и активности посебно внимание се посветуваше на зачувување на природните ресурси: водотеци( Зрновска, Морошка и Видовишка река) плодните почви и биодиверзитетот на регионот од секаков вид на можни загадувања и деградации.
Сите овие активности беа подржувани од познати стручни лица и професори ( д-р. Јосиф Таневски, проф. Панче Стојановски и др.), и како резултат на истите општината Зрновци е една од првите во Македонија која има изработено ЛЕАП, ЛЕР, Стратегија за одржлив развој и Стратегија за органско производство.
Почнувајќи на почетокот како локална млада НВО досега се имплементирани следните проекти:
„Еко слика Зрновци“-1998,
„Еко камп „Плачковица 98“,
„Стоп за дивите депонии“- 1999,
Изработка на ЛЕАП- 1999,
„Одржлив развој на општина Зрновци„-1999,
„Одржливо земјоделство во општина Зрновци“-2000,
„Помош во развојот на руралните НВО“-2001,
„Органското земјоделство како начин на одржлив развој на Југоисточна Европа“ – 2002,
„Ликовна колонија Зрновци 2003“,
„Проект за опремување и профункционирање на КЈП во општина Зрновци“ – 2003,
„Реконструкција на домовите на култура во селата Зрновци, Мородвис и Видовиште“- 2004,
„Примена на интегрален метод на решавање на проблемот со цвртстиот отпад во општина Зрновци“-2004 – 2005,
„Развој на рурален туризам во општините Сатовча-Р.Бугарија и општина Зрновци – Р.Македонија“- 2006-2007,
Изработка на стратегијата за Локален економски развоj за општина Зрновци - ЛЕР-2007
„REGS Проект, компонента развој на рурален туризам во с.Зрновци“ – 2007-2008,
„Реконструкција на мостот на река Зрновка, кон манастирот „Св.Недела“ – 2010“,
„Еколошки едуцирана млада популација-двигател на одржлив развој во заедницата“ – 2011 – 2012, и
„Примена на обновливи извори на енергија во општина Зрновци“-2011 – 2012год.
Проектот „Осмели се“ - 2015 год.
„Еко слика Зрновци 2015“ - 2015
Покрај овие проекти ЗРР Јавор партиципираше во бројни проекти на други организации како партнер, соработник и сл.
Во досегашното скоро 15 годишно искуство здружението работеше на следните теми:
заштита и унапредување на животната средина
одржлив развој
земјоделство
органско производство
рурален развој
селски туризам
заштеда на енергија и користење на обновливи извори
едукација, подигање на јавна свест
Пристапот на работење на ЗРР Јавор е едукација и директни активности на терен со дел од заинтересирани жители на општината, градење на стратегија на јакнење на капацитетите и заинтересираност на населението од руралните средини за користење на престојните европски фондови наменети за деверзификација и развој на руралните средини.
Имиџот што здружението го има создадено кај локалното население и присутните донатори е основа за нашите идни активности во насока на заштита и унапредување на животната средина, креирање на нови работни места, промоција на селскиот туризам, развојот на земјоделството и органското производство и подобрување и квалитетот на живот на село.
ЗРР Јавор и понатаму ќе продолжи да работи и делува кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во руралните средини, да го поттикнува руралниот развој, да создава и подржува партнерства, идеи и проекти кои ќе носат просперитет, напредок на сите.
ЗРР „ЈАВОР“ – Зрновци
Претседател
Жаклина Голчева