MK EN
         
     
Skip Navigation Links
Почетна
Профил
Проекти
Секции
Млади истражувачи
Новости
Документи
Контакт
Тековни Проекти
Реализирани Проекти
Scroll up
Scroll down
Земјоделие
Млади
Туризам
Пчеларство
Екологија
Scroll up
Scroll down
 
 
 
Новости
 
 

Во периодот од 08.10-21.10.2022 година, во градот Брага, Португалија се одржа обука за рурална биоекономија и климатски акции во рамките на Клубот на млади истражувачи на Здружението за рурален развој Јавор Зрновци. Обуката е дел од проектот „Training on Rural Bio-economy and Climate Action/од програмата Еразмус+, Kлучна акција 1, во која учествуват 10 ученици од средното стручно земјоделско училиште СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе.

Главна цел на оваа обука беше учениците да се стекнат со нови знаења и практични искуства од областа на локална биоекономија и превземање на активности кои допринесуваат кон  ублажување и адаптација на климатските промени.

Учениците на обуката преку практични примери се стекнаа со знаења за поимот рурална биоекономија и подигање на свеста за потребата од искористување на сите биолошки ресурси (животни, растенија, микроорганизми и добиена биомаса, вклучително и органски отпад) во функција на нивно одржливо искористување и создавање на услови за  развој на локална рурална биоекономија, која ќе  допринесе кон подобрување на еколошкиот, економски и социјален развој на руралните средини.

Практичната обука беше спроведена во неколку компании за производство на органска храна (зеленчук, овошје, печурки) и нудење на ветеринарни услуги.

 
 
 
 
 
 

Здружение за рурален развој Јавор Зрновци во рамките на Клубот на млади истражувачи на здружението распишува,

 

Повик

 

за пријавување на ученици од средно стручно образование за учество во обука за рурална

биоекономија и климатски акции

 

Обуката е дел од проектот „Training on Rural Bio-economy and Climate Action/ Обука за рурална биоекономија и климатски акции“, од програмата Еразмус+, Kлучна акција 1, со регистарски број 2021-1-MK01-KA122-VET-000016753.

 

Главната цел на овој проект е:

- Да се обучат 10 ученици кои се членови на младинскиот клуб на здружението за создавање на локална биоекономија и акции за ублажување и адаптација на климатските промени. Биоекономијата е еден од најактуелните нови методи што ги опфаќа сите сектори и системи кои се потпираат на биолошки ресурси (животни, растенија, микроорганизми и добиена биомаса, вклучително и органски отпад), нивните функции и принципи. Развојот на одржливи синџири на вредност на рурална биоекономија нуди големи можности за руралните актери во економска, социјална и еколошка смисла.

 

Со реализација на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења за:

- градење слика и визија за рурална биоекономија кај засегнатите страни;

- подигање на свеста за потребата од создавање рурална биоекономија;

- поврзување на различни актери заедно за создавање и поддршка на развојот на еластични и иновативни примери за био-економија;

- обезбедување интелектуална поддршка за одржливи иницијативи за биоекономија;

- развивање на акциони планови, визии, стратегии и иницијативи за рурална биоекономија;

- планирање на синџирите на вредност на биоекономијата прилагодени на потребите и ресурсите на руралните области;

- креирање проектни идеи, обука, работилници, практична работа за споделување знаења.

 

Мобилноста на ученици волонтери во проектот ќе се одржи во компании и организации кои се занимаваат со рурална биоекономија во Брага, Португалија.

Домаќин на мобилноста ќе биде организацијата Braga Mob.

Мобилноста ќе се одвива со почеток од 08.10.2022 година до 21.10.2022 година.

Трошоците за престој, сместување, храна, патување и осигурување ги покрива програмата.

 

Услови за пријавување и критериуми за избор

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

 

  1. Да се ученици во едно средно стручно училиште во Република Северна Македонија.
  2. Да имаат најмалку 16 години и се запишани 3 или 4 година, или да имаат завршено средно стручно образование во 2022 година;
  3. Да се членови на младинскиот клуб на здружението или да се регистрираат како членови;
  4. Да имаат задоволително познавање на англискиот јазик;
  5. Да имаат лични карактеристики (лична независност, позитивен став, мотивација, способност да се адаптираат на промените), кои ќе гарантираат целосно искористување на искуството кое ќе го стекнат.

 

За време на мобилноста од учесникот се очекува да:

 

- Го почитува  договорениот план за работа.

- Ги прифати општите правила на компанијата/институцијата домаќин и сите други правила кои се договорени.

- Го почитува распоредот на времето и работата.

- Ги почитува безбедносните процедури.

- Ја користи техничката терминологија.

- Се интегрира во работата на тимот.

- Ги извршува задачите квалитетно и во рамките на предвидените рокови.

- Ги прифаќа добиените наредби и налози.

- Се грижи за личната хигиена и изглед.

- Да биде самокритичен/на и користи објективно и критичко размислување при работата.

- Покаже иницијатива во решавањето на проблемите.

- Ги почитува правилата за користење на објекти и опрема предвидени за нивна употреба (сместување, инсталации, машини, итн.)

  

Како да се пријавите?

 

Сите заинтересирани, можат да се пријават за учество на обуката со поплнување на апликационата форма: https://forms.gle/YnRGMxZpkxRCZSETA со прикачување на Europass кратка биографија на англиски  јазик.

Рокот за пријавување е најдоцна до 01.09.2022 година.

 

За дополнителни прашања и информации обратете се на тел. +38978384242 или на емаил адреса zgolceva@yahoo.com .

 
 

Завршен настан на проект „Обука за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“

Место: онлајн платформата Zoom

Датум: 11.05.2020 година (понеделник)

Време: 1900 часот.

АГЕНДА

1.      Воведно обраќање на претседателот на Здружението за рурален развој „Јавор“ г-ѓа Жаклина Голчева

2.      Видео презентација на обуката за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

3.      Резултати од реализираната обука г-ѓа  Зорица Николова – координатор на проектот

4.      Идни активности г-ѓа Жаклина Голчева – претседател на Здружението за рурален развој „Јавор“ Зрновци

5.      Отворена дискусија

Објаснување за приклучување на настанот:

Настанот ќе се одржи на онлајн платформата Zoom. Може да се приклучите преку телефон или лаптоп.

Потребно е да се инсталира соодветна апликација претходно која што ќе бара пристап до микрофон и камера.

Состанокот ќе започне точно во 19:00 часот.

Упатство за користење:

Лаптоп: со кликање на линкот (https://us04web.zoom.us/j/75289790843) се отвора страна каде што директно се инсталира zoom апликацијата и Ве приклучува кон состанокот.

Android / iOS: Отворете Play store / App store и инсталирајте ја апликацијата Zoom Cloud Meetings. Откако ќе заврши инсталацијата, кликнете на овој линк https://us04web.zoom.us/j/75289790843. Апликацијата ќе побара да го внесете вашето име и ќе влезете во состанокот.

 

 
 

ОГЛАС ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОБУКА НА УЧЕСНИЦИ ВО ШПАНИЈА

за потребите на Здружението за рурален развој ЈАВОР Зрновци за имплементација на проектот во рамките на Програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци, грант под број 2019-1-MK01-KA102-060174 за Проектот „Обука за обновливи извори на енергиja и ефикасност“.

ОБЈАВЕН НА 23.01. 2020 година

КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА: 29.01.2020 година

 

1.     ВОВЕД

Здружението за рурален развој ЈАВОР Зрновци за имплементација на проектот во рамките на Програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци,за Проектот „Обука за обновливи извори на енергиja и ефикасност“ има потреба од избор на економски оператор кој ќе овозможи сместување и организирање на обуката во Гранада/Кордоба, Шпанија.

Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на Програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци одобри грант под број 2019-1-MK01-KA102-060174 за Проектот „Обука за обновливи извори на енергиja и ефикасност“.

Реализатор на мобилноста е Здружението за рурален развој ЈАВОР од Зрновци.

На оваа обука ќе учествуваат волонтери од Младинскиот клуб на здружението и претставници од здружението. На обуката ќе учествуваат 12 учесници, од кои 10 волонтери од Младинскиот клуб на здружението и 2 претставници на Здружението, кои во исто време ќе бидат и придружни лица. Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења за обновливи извори на енергија и ефикасност.

Главната цел на проектот е стекнување знаења за енергетска ефикасност и користењето на обновливи извори на енергиja.

2.     СМЕСТУВАЊЕ

 

Активности кои  треба да се исполнат за реализација на проектот поврзани со сместување во: Гранада/Кордоба, Шпанија.

А) Сместување со 16 ноќевања за  вкупно 16 учесници;

Б) Обезбедување на 3 оброци на ден за 12 учесници  за времетраење од 16 дена  престој во Гранада и Кордоба;

В) Административни и менаџерски трошоци за спроведување на обука за 12 учесници

Г) Локален транспорт за спроведување на обуки

Д) Посета на културно-историски споменици во: Севилја, Кордоба и Гранада

 

3.     УСЛОВИ

3.1 Начин на докажување на способноста

3.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже :

-          личната состојба,

-          способноста за вршење професионална дејност,

 

3.2 Лична состојба

3.2.1 Здружението за рурален развој Јавор Зрновци нема да ги земе во предвид секој економски оператор:

-          на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

-          кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;

-          кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;

-          на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;

-          на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;

-          кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и

-          кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

3.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:

-          изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

-          потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран; потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;

-          потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;

-          потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

 

3.3 Способност за вршење на професионална дејност

3.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

 

3.4 Техничка и професионална способност

4.4.1. Eкономскиот оператор да поседува или да има директна соработка со правен субјект кој поседува А лиценца за вршење на туристичка дејност издадена од Министерството за економија;  и

4.4.2. Да има искуство во реализацијата на вакви проекти.

 

4.     ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

4.1 Содржина на понудата

4.1.1 Понудата треба да биде подготвена од следниве елементи

-          листа на цени и рокови на испорака;

-          документи за утврдување на личната состојба

-          документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност

-          докази за утврдување на техничката способност

-          изјава за сериозност на понудата

-          изјава за независна понуда и

-          договор за групна понуда [само за група на економски оператори],

4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува во печатена верзија. Доколку на понудата кој не ги содржи сите елементи согласно огласот  ќе биде отфрлена како неприфатлива.

 
 

13.12.2019 - РЕЗУЛТАТИ

од објавениот оглас за учесници на

Обука за обновливи извори на енергиja и ефикасност

 

Почитувани,

Здружението за рурален развој ЈАВОР од Зрновци врз основа на пристигнатите апликации и направената селекција според општите критериуми што треба да ги исполнат учесниците во мобилноста ги избра следните кандидати:

 

Име и Презиме

1

Стефанија Спасова

2

Ана Голчева

3

Александар Андонов

4

 Анкица Коцева

5

Отилија Арсенова

6

Кети Манасијева

7

Васе Ангелов

8

Сашко Јакимов

9

Денис Стоименов

10

Дарио Иванов

11

Жаклина Голчева

12

Зорица Николова

 

Мобилноста ќе биде спроведена во периодот од 14.02.2020 год. до 01.03.2020 год. во  Шпанија. Домаќин на обуката ќе биде  EUROPROYECTOS ERASMUS PLUS SL, Granada, Spain.

Проектот финансиски е подржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци

 

13.12.2019 година                                                                                              ЗРР Јавор Зрновци

 
 

15.11.2019 - ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на Програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци одобри грант под број 2019-1-MK01-KA102-060174 за Проектот „Обука за обновливи извори на енергиja и ефикасност“.

Реализатор на мобилноста е Здружението за рурален развој ЈАВОР од Зрновци.

На оваа обука ќе учествуваат волонтери од Младинскиот клуб на здружението и претставници од здружението. На обуката ќе учествуваат 12 учесници, од кои 10 волонтери од Младинскиот клуб на здружението и 2 претставници на Здружението, кои во исто време ќе бидат и придружни лица. Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења за обновливи извори на енергија и ефикасност.

Главната цел на проектот е стекнување знаења за енергетска ефикасност и користењето на обновливи извори на енергиja.

Со оваа обука, учесниците ќе стекнат многу вредно искуство и практично знаење кое ќе ги користат при работа во локалните заедници за најдобри решенија за обновлива енергија, како и да воведат иновации при вработување во енергетска ефикасност. Стекнатите знаења и вештини, учесниците во проектот по завршетоткот на мобилноста ќе ги споделат со другите волонтери во здружението, но со други здруженија, субјекти од локалната средина, локална самоуправа и други.

Мобилноста ќе се одвива во Шпанија, во траење од 14 дена, во регионот на градот Гранада во областа Андалузија.

Домаќин на обуката е: EUROPROYECTOS ERASMUS PLUS SL, Granada, Spain

Мобилноста ќе се одвива во во периодот февруари-март 2020 година.Трошоците за престој, сместување, храна и патување ги покрива проектот.

Општите критериуми што треба да ги исполнат учесниците во мобилноста се:

- да бидат волонтери или активисти на здружението;

- да има најмалку 16 години;

- да има доволно познавање на англиски јазик;

-да бидат отворени за меѓународна соработка, да бидат подготвени да учат и споделат знаење, да имаат позитивен став.

Доколку сакате да бидете и Вие дел од оваа програма и да учествувате на обуката, Ве молиме да ја пополните апликационата форма, електронски или на рака, внесувајќи податоци за чија точност одговарате целосно.

Поднесувањето на документите ќе трае од 16.11.-01.12.2019 година, а ранг листата ќе биде истакната најдоцна до 15.12.2019 година.

Пополнетиот формулар, своерачно потпишан, фотокопии од бараните документи и мотивационото писмо аплицирајте го:

-          во Здружението на одговорното лице Голчева Жаклина секој работен ден од 09-1500 часот;

-          електронски на e-mail: javor@t-home.mk;

-          по пошта на адреса: Здружението за рурален развој „Јавор“ Зрновци ул. Илинденска бб 2305 Зрновци.

Во прилог на апликацијата доставете:

  1. Формулар за аплицирање  (кликнете овде за преземање)
  2. Мотивационо писмо
  3. Биографија (користете Еуропас формат)
  4. Потврди за реализирани активности, награди и признанија во областа на екологијата (доколку ги има)

 

15.11.2019 година                                                                                              ЗРР Јавор Зрновци

 
 
04.04.2018
Формирана првата национална платформа „Поглавје 20“



Во март 2018 година, се формираше првата национална Платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Платформата е составена од 47 членки, активни актери од граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции што дејствуваат во областите на преговарачкото поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика и има за цел активно да се вклучи во реформскиот процес како важен чинител во јавно-приватниот дијалог.

Платформата ќе придонесе кон активно вклучување во реформскиот процес на Поглавје 20 преку бројни активности на своите членки, ќе креира сопствен ресурсен центар со материјали релевантни за следењето на реформските приоритети на Поглавје 20, со јавно достапни ресурси, преку кои ќе се поддржи трансферот на знаење и координација помеѓу граѓанските организации и другите релевантни чинители на национално ниво. Таа активно ќе работи на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики, ќе организира обуки, вебинари, експертски средби, форуми за споделување на добри практики, истражувања и други активности.

Платформата цели активно и координирано да придонесе во следење и реализација на клучните реформски приоритети, преку имплементирање на активности и спроведување на анализи со препораки за подобрување на конкурентноста и иновативноста на МСП, подобрување на дијалогот со бизнис заедницата, подобрување на деловната клима за креирање на нови бизниси и обезбедување на подобар пристап до финансии. Работата на Платформата ќе биде дефинирана со годишен Акциски план во линија со потребите утврдени од спроведената анализа на чинители во областа на Поглавје 20, а истиот ќе ги дефинира главните цели и активностите за постигнување на целите.

Платформата е формирана во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

 
10.11.2017
ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
од областа на преговарачкото поглавје 20 за членство
во ЕУ – Претпријатија и индустриска политика


Грантовата шема има за цел да обезбеди поддршка на активностите на граѓанските организации вклучени во различни аспекти од Поглавје 20 (унапредување на деловен амбиент, поддршка на МСП и иновации, пристап до финансии, секторски политики, странски инвестиции, кластеринг, и слично). Преку имплементација на грантовата шема, целта е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики и за поддршка на реформите во Поглавје 20, како и да се промовираат нови пристапи, механизми и инструменти од областа на претприемништвото и индустријата на локално и национално ниво. Воедно, ќе се придонесе кон зголемувањето на свеста за важноста на Поглавје 20 во процесот на пристапување кон ЕУ.

Грантовата шема се реализира во рамки на проектот:„Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

Приоритетни области:
а) Принципи на Претпријатија и индустриска политика

  • Приоритет 1: Подобрување на деловната клима за креирање на нови бизниси
  • Приоритет 2: Подобрување на дијалогот со бизнис заедницата

б) Инструменти на Претпријатија и индустриска политика

  • Приоритет 3: Подобрување на конкурентноста и иновативноста на МСП
  • Приоритет 4: Обезбедување подобар пристап на МСП до финансиски услуги

в) Секторски политики

  • Приоритет 5: Анализа на специфични сектори
  • Приоритет 6: Унапредување на капацитетите за креирање, имплементација и следење на програмите за туризам

 
Финансиска рамка на повикот
Грантовата шема има вкупен фонд од 3.688.866 денари (60.000евра).  Максималниот износ за грант спроведуван на локално ниво изнесува 307.405 денари, а за грант спроведуван на национално ниво изнесува 614.811 денари. Најмалку 8 проекти ќе бидат поддржани преку грантовата шема (4 на локално ниво и 4 на национално ниво).
 
Поднесување на апликации
Апликациониот пакет се доставува само по електронски пат на адресата: info@yes.org.mk 
Рокот за доставување е 04.12.2017 година. Апликациите испратени после предвидениот рок нема да бидат прифатени.
 
Информативна сесија
За заинтересираните кандидати, ќе биде организирана информативна сесија „Инфо ден“ за овој повик, на 15-ти ноември, во хотел Бест Вестерн во Скопје, со почеток од 12.00 часот.

Пријавување за „Инфо ден“ на следниот линк https://goo.gl/31rbc1. 


Документи за преземање 

  • Повик за грантови (целосен текст)
  • Прилог 1 – Образец за пријавување
  • Прилог 2 – Предлог буџет
 
За дополнителни информации може да се обратите на info@yes.org.mk или 02 3108 891.

 
 
ОДРЖАНА ПРОМОТИВНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОЕКТОТ „ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС НА ПОГЛАВЈЕ 20“

На ден 21.06.2017 година во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа промотивната конференција за проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“.

Конференцијата ја отвори г-н Никола Бертолини - претставник од Делегација на Европската Унија, а потоа Софија Цали Кузманова - проектен менаџер и претставник на ПСМ Фондација го презентираше проектот, главните цели и активностите кои ќе следат. На конференцијата учествуваа претставници од граѓанскиот сектор, претставници од јавните институции како и од Делегацијата на ЕУ.

Преку имплементација на активностите, проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.


Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2015.​

Проектот ќе трае од мај 2017 до мај 2019 година, а го имплементираат проектните партнери Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“-Зрновци.

Галерија на слики

   
   
 
 
ОСНИВАЧКО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ОДГЛЕДУВАЧИ НА КОЗИ „МАКЕДОНСКА ПРАМЕНКА“

На ден 03.02.2016 год. Во просториите на ресторан „Аминта“ во Зрновци,се одржа Оснивачко собрание на Здружението на одгледувачи на кози од расата Македонска алпина. Иницијатори за формирање на ова струково здружение беа неколку локални одгледувачи на кози и Здружението за рурален развор „ Јавор“ Зрновци.
Иницијативата е и во корелација со целите на проектот „ Промоција и заштита на агробиодиверзитетот во општина Зрновци кој го спроведува ЗРРЈавор – Зрновци а е подржан од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и “Фармахем“ .
Стручна и техничка подршка на фармерите им беше дадена и од веќе познатото активно Здружението на одгледувачи на домашна раса на овци „Праменка Овчеполка„ кое успешно работи веќе 9 години. Претседателот на ова здружение, Моме Младеновски ги сподели искуствата и бенефитите кои тие ги имаат од ваквиот начин на здружување.
Здружението на одгледувачи на кози Македонска алпина е единствено во Р.Македонија, ќе биде национално и во иднина ќе ги обединува сите одгледувачи на кози од расата Aлпина.
На оснивачкото здружение присуствуваа 13 одгледувачи на кози од с.Зрновци, с. Грдовци, с.Тракање, с.Нивичани, с.Градец, Кочани, Свети Николе, Куманово и Скопје .
На Собранието беа избрани и управувачките органи а за претседател на здружението беше избрана Олгица Мицова од с.Зрновци. После регистрацијата на здружението ќе следат активности за усвојување на програма за работа. Главни цели и задачи на Здружението на одгледувачи на кози „Македонска алпина“ ќе бидат:
- Зајакнување на материјалните и технички капацитети на фармерите, преку заеднички настап пред преработувачите и институциите,
- развојот и унапредувањето на одржливо, современо и економски ефикасно одгледување на кози и производство на здрави и безбедни производи од козарството,
- организирање, координирање и стратешко планирање на работата за остварување на профитабилно козарско производство и земјоделство и повисок животен стандард на одгледувачите на кози и земјоделските производители во Р. Македонија;
- застапување, заштита и остварување на интересети и правата на одгледувачите на кози и земјоделските производители во Р. Македонија;
- научно-техничка и практична промоција на новите сознанија од различни научни области применети во одгледувањето на кози и земјоделството;
- пратење, афирмација и имплементација на современите светските економски трендови, преземање на активности за зголемување на извозниот потенцијал и привлекување на странски инвестиции,
- заложби за теоретска и практична едукација на одгледувачите на кози, земјоделските производители, подигање на нивото на образование и свест, разбирање и прилагодување кон новите светски трендови на бизнис производство и работење;
- создавање на услови за здрав живот, здрава исхрана и здрава и незагадена животна средина;
- задоволување на потребите на консуматорите и нивна заштита при користењето на производи од кози како храна и земјоделски производи, организирање на фестивали и промоции, како и методи за пристап до потрошувачите;

Галерија на слики
   
 
 
ПОСЕТА НА ФАРМА СО АВТОХТОНА РАСА НА ОВЦИ „ПРАМЕНКА ОВЧЕПОЛКА“ ВО С. ПЕТРАЛИЦА, КРИВOПАЛАНЕЧКО

Здружението за рурален развој „Јавор“ од Зрновци во рамките на проектот: Промоција и заштита на агробиодиверзитетот во општина Зрновци, на ден 27.12.2015 год. огранизираше посета на фарма со автохтони овци „Праменка овчеполка“ во с.Патралица, кривопаланечко.
Заинтересирани сточари од општина Зрновци и регионот имаа убава можност да ја посетат фармата, да поставуваат прашања и разменат искуства на лице место. При посетата беше организирана и презентација од страна на претседателот на здружението, г-нот Моме Младеновски. Интересот и задоволството на сточарите од посетата да де поттик да се размислува и за други слични студиски патувања.

Галерија на слики
   
 
 

26 септември, 2015

Денеска и покрај врнежливото време успешно беа поставени таблите на „Патеката покрај вировите на река Зрновка“ Волонтерите и дел од членовите на Клубот .на млади истражувачи успешно си ја завршија работата. Наскоро на таблите ќе бидат поставени и информативните налепници. Патеката се протега покрај реката Зрновка од ХЕЦ до „Суљов ѓол и „Св. Недела“

Галерија на слики

   
 

ФОТО И ЛИКОВЕН КОНКУРС

Завршија фото и ликовниот конкурс организирани за учениците на ОУ Синиша Стоилов а во рамките на проектот „Еко слика Зрновци 2015“. 

Резултатите се дадени во табелата. Првата табела е за фото конкурсот а втората за ликовниот конкурс. Им благодариме на сите што зедоа учество на конкурсите.

   
Табела на добитници  
   
Галерија на слики  
   
 
Адреса:
    ЗРР - Јавор
    Илинденска ББ
    2305 Зрновци

Тел: 078 38 42 42
E-mail: javor@t-home.mk
Веб: www.javor.org.mk
 
 
 
 
 
  © ЗРР Јавор - Зрновци developed by MediaNet