MK EN
         
     
Skip Navigation Links
Почетна
Профил
Проекти
Секции
Млади истражувачи
Новости
Документи
Контакт
Тековни Проекти
Реализирани Проекти
Scroll up
Scroll down
Земјоделие
Млади
Туризам
Пчеларство
Екологија
Scroll up
Scroll down
 
 
 
Тековни проекти
 

Проект: „Зголемување на дигиталните вештини на земјоделските производители со цел прилагодување кон новонастанатите пазарни и економски услови на работење“ – финансиран од Влада на Р.С.М.

Здружението за рурален развој ЈАВОР – Зрновци го спроведува проектот „Зголемување на дигиталните вештини на земјоделските производители со цел прилагодување кон новонастанатите пазарни и економски услови на работење“ чиј рок на реализација е 31.12.2020год.
Цел на проектот е зголемување на знаењата и вештините на земјоделските производители за користење на дигиталната опрема и алатки за електронско работење со цел што побрзо и поефикасно прилагодување на новонастанатите услови на работење предизвикани од КОВИД-19.
Проектот се насочува кон следните конкретни цели:
  • Подобрено и ефективно работење на фармерите преку користење на дигиталната технологија и ИКТ алатки
  • Организирање и планирање на онлајн продажба на земјоделските производи, преку градење на комуникациски канали до потрошувачите
  • Директна техничка, материјална и психо социјална подршка за идејни решенија за остварување на дополнителни приходи на социјално загрозени земјоделски семејства.
Очекувани резултати:
  1. 120 земјоделци вклучени директно во обуките
  2. Регистрирани 10 Е-продавници за земјоделски производи
  3. Креирани 5 веб страни на земјоделски здруженија и задруги
  4. Поделени 110 социјални наменски пакети на социјално загрозени земјоделски семејства и подршка на 33 економско загрозени земјоделски производители  со материјали за производство согласно потребите на производителот.

Проектот ќе се реализира на територијата на општините од Источниот плански регион.
Проектот е финансиран од Владата на Р.С.М. 

ГИ ПОВИКУВАМЕ сите земјоделски производители како и земјоделски здруженија да се пријават за соработка, посета на обуките и учество во проектот како корисници на:
e-mail:
javor@t.mk или на тел: 078/38 42 42
 
 
 
Информација за ПРОЕКТ: ОБУКА ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ЕФИКАСНОСТ
 
Здружението за рурален развој ЈАВОР од Зрновци го започна спроведувањето на проектот „Обука за обновливи извори на енергиja и ефикасност“.

Проектот финансиски е подржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилности заради учење на поединци

Проектот е започнат со реализација од 01.06.2019 година и ќе трае 12 месеци, до 31.05.2020 година.

Главната цел на проектот е стекнување знаења за енергетска ефикасност и користењето на обновливи извори на енергиja.

Учесници во проектот ќе бидат 10 млади лица, и 2-ца раководни членови на ЗРР Јавор Зрновци. Учесниците ќе бидат избрани по пат на јавен оглас кој ќе биде објавен на Веб и Фејсбук страната на здружението.

Обуката ќе се реализира во Шпанија, во траење од 14 дена, во периодот февруари-март 2020 година, во регионот на градот Гранада во областа Андалузија.

Во текот на оваа обука учесниците ќе се стекнат со теоретски и практични знаења и вештини, кои што подоцна ќе можат да ги користат во нивното понатамошно образование, започнување на сопствени бизниси или вработување.

Мобилноста на учесниците во овој проект ќе овозможи:
- да се подобри знаењето за енергетска ефикасност и обновливи извори,
- да се стекнат со знаења за решавање проблеми во локалната заедница,
- да се зголеми мотивацијата за учество во идно образование или обука,
- да бидат во можност активно да учествуваат во еко-движењата.

Дополнителни информации за проектот можат да се добијат во Здружението за рурален развој ЈАВОР на тел: 078/384242 или на e-mail: javor@t-home.mk.
 
 
 
Наслов на проектот: „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“
Во мај 2017 година започна имплементацијата на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската унија, а во реализација на проектните партнери Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој „Јавор“-Зрновци.

Главната цел на проектот е активно вклучување во реформскиот процес на Поглавје 20 преку структурирани напори од страна на мрежата на граѓански организации „ЈЕС Нетворк“.
Главни целни групи на проектот се националните и локални граѓански организации, членовите на мрежата „ЈЕС Нетворк“, како и младите претприемачи.

Преку имплементација на активностите, проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20 на национално и локално ниво, да се подобри координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители и да се подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата кон ЕУ.

Проектот предвидува и финансиска поддршка преку грантови за граѓанските организации со вкупен фонд од 60000 евра за вкупно 8 проекти.

Главни резултати на проектот се очекува да бидат:
  • Основање на платформа „Поглавје 20“ и ресурсен центар за следење и евалуација на имплементацијата на Поглавје 20 - Претпријатија и индустриска политика
  • Зголемени капацитети на граѓанските организации за креирање и следење на политики и вмрежување преку регрантирани проектни активности и обуки
  • Подготовка на политики преку креирање на документи за јавни политики, експертски обуки и интернационален форум за најдобри практики
  • Зголемена свест за важноста на Поглавје 20 во процесот на пристапување кон ЕУ, преку разновидни активности за дисеминација
Мрежата на граѓански организации „ЈЕС Нетворк“ беше креирана во 2014 година и претставува моќен механизам за координација и поврзување на граѓанскиот сектор со бизнис и владиниот сектор, преку премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни врски.

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2015 и ќе трае од мај 2017 до мај 2019 година.

Повеќе информации за проектот може да се најдат на:
Web: www.yes-network.org
Facebook: www.facebook.com/yesnetworkmk
Twitter: www.twitter.com/yesnetworkmk

Наслов на проектот: „Заедно сме посилни“

Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” Проект финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА - Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки Сервис за Млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум Проектот „Заедно сме посилни“ е имплементиран од Здружението за рурален развој „ЈАВОР“ – Зрновци во соработка со партнерите: Здружение на производители и потрошувачи на органски производи „Овчеполски еко производи“ – Мустафино и Здружение на граѓани „Подобра иднина“ од Пробиштип.

За повеќе информации кликнете овде
 
 
 
 

Наслов на проектот: ЗАШТИТА И ПРОМОЦИЈА НА АГРОБИОДИВЕРЗИТЕТОТ ВО ОПШТИНА ЗРНОВЦИ

Општа цел:

Создавање на услови за подобро управување со биолошката разновидност во општина Зрновци

Конкретна цел бр 1: Подигање на свеста за потребата од подобрување на квалитетот и одржливо искористување на почвите во општина Зрновци

Конкретна цел бр.2 Запознавање со важноста на земјоделските култури како дел од агробиодиверзитетот во општина Зрновци, ставајќи акцент на автохтоните сорти

Конкретна цел бр. 3 Едукација за значењето и улогата на сточниот фонд во одржливото управување со агробиодиверзитетот во општина Зрновци

Конкретна цел 4 Промоција на агробиодиверзитетот во општина Зрновци

 -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Конкретна цел бр 1: Подигање на свеста за потребата од подобрување на квалитетот и одржливо искористување на почвите во општина Зрновци

Активности:

1.    Подготовка на материјали и графички дизајн за брошура на тема Мерки и активности за подобрување и одржливо искористување на почвите

2.    Печатење

3.    Дистрибуција

4.    Анализа на типови на почва присутни на територијата на општина Зрновци

5.    Предавање на земјоделците за одржливо управување со почвите

Конкретна цел бр. 2 Запознавање со важноста на земјоделските култури како дел од агробиодиверзитетот во општина Зрновци, ставајќи акцент на автохтоните сорти

1.    Анализа на постоечки земјоделски култури на територија на општина Зрновци

2.    Анализа на постоечки автохтони видови на земјоделски култури на територијата на општина Зрновци

3.    Анимирање на Клубот на млади истражувачи во насока на создавање на колекција на семиња од култивирани и некултивирани сорти на растенија  присутни на територијата на општина Зрновци

4.    Подготовка на брошура на тема: Значењето на органско производство и примена на стандардите на добра земјоделска пракса во насока на зачувување на агробиодиверзитетот

5.    Организирана посета на земјоделците од општина Зрновци на фарма за органско производство

6.    Организирање на предавање за улогата на пчеларството во зачувувањето на агробиодиверзитетот

Конкретна цел бр. 3 Едукација за значењето и улогата на сточниот фонд во одржливото управување со агробиодиверзитетот во општина Зрновци

1.    Изградба на водопоило во месноста „Среден рид“ во с.Зрновци

2.    Предавање на земјоделците за значењето и улогата на сточниот фонд во одржливото управување со агробиодиверзитетот, со акцент на зачувување на автохтоните раси на домашни животни

 
 
Адреса:
    ЗРР - Јавор
    Илинденска ББ
    2305 Зрновци

Тел: 078 38 42 42
E-mail: javor@t-home.mk
Веб: www.javor.org.mk
 
 
 
 
 
  © ЗРР Јавор - Зрновци developed by MediaNet